Денес на теренот на Локомотива се одигра последното 11 коло од есенскиот дел во фудбалската лига на помладите пионери. Противник на црвено-црните беше екипата на Милано. Избраниците на Сашо Јанев како и што се очекуваше забележаа сигурна победа со резултат 3:0. Ибрахим Ариф постигна два гола, додека еден беше дело на Давид Астарџиев. Со овој триумф само го заверивме приматот есенски шампион, кој го обезбедивме уште во минатото коло.
Помладите пионери на Вардар не дозволија никакво изненадување и рутински го совладаа денешниот противник. Започнаа напаѓачки уште од првата минута со константен притисок на половината на Милано.
Првиоу удар кон голот го забележа Давид Ристовски кој биеше од oколу 20 метри, но само во рацете на голманот. Следните две прилики, од кои едната беше претворена во гол беа дело на Давид Астарџиев. Најпрво биеше од слободен удар, топката со крајни напори во корнер ја исфрла противничкиот чувар на мрежата. Веќе во следната минута истиов играч донесува водство за својата екипа од 1:0, со гол од скратен корнер. Астарџиев биеше силно и прецизно во горниот лев агол за предност. Вардарци за кратко можеа да го зголемат водството доколку ударот на Ибрахим Ариф од слободен удар не завршеше во пречката. Екипата од Куманово првиот безопасен удар го упати дури во 25 минута, но Андов е на вистинското место. Можеби најдобрата прилика Милано ја имаше кога при прекин од 20 метри, нивниот удар заврши покрај голот на црвено-црните. На полувреме се замина со резултат 1:0.
Вториот дел започна некако без поголеми прилики со игра главно на средината. За одбележување е двојната шанса во една акција за нашите надежи. Во главно издание беа Виктор Петкоски и Самир Хасиќ. Од десната страна Петкоски најпрво биеше во голот, но голманот таа топка ја одби која повторно стигна до истиот играч. Петкоски ја уфрли топката во шеснаесетникот, на неа наиде Хасиќ кој биеше над голот. Повторно следи шанса за Петковски и повторно од истата страна, но по втор пат поуспешен голманот на Милано. Конечно Вардарци доаѓаат до посолидна предност од 2:0, со првиот погодок на овој меч на Ариф. Претходеше акција во која Мартин Спировски со глава ја додаде топката до Ибрахим Ариф кој умешно преку голманот ја смести топката во мрежата. До крајот на мечот следеше уште еден гол на најдобриот стрелец за пом .пионери. При еден прекин топката беше нафрлена во просторот на Милано, најдобро се снајде Ибрахим кој со глава биеше во голот на противникот за 3:0, што беше и конечен резултат на овој меч.
Ова беше вкупно десетта последователна победа за оваа генерација во првенството. Есенскиот дел од сезоната го заврши само со еден нерешен резултат и со вкупно 31 освоен бод.
Фк Вардар: Андов, Манасиевски, Чурлинов, Бојковски, Петкоски, Николов, Мирчевски, Ристовски, Асенов, Ариф, Астарџиев.