Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите на Фк Вардар со триумф го завршија есенскиот дел од сезоната
Пионерите на Фк Вардар со триумф го завршија есенскиот дел од сезоната

Пионерите на Фк Вардар со триумф го завршија есенскиот дел од сезоната

Последното есенско коло во првенството на пионерите, се одигра денес на теренот на локомотива, помеѓу екипите на Вардар и Милано. Поуспешни беа црвено-црните кои забележаа победа со резултат 2:0. Стрелци на головите беа капитенот Елвир Рамиќ со удар од белата точка и Марко Стојчески.

Пионерите со триумф го завршија првиот дел од сезоната, во натпревар со незгодниот тим на Милано. На овој меч гледавме цврста и борбена игра од свете страни. Вардарци настапија во состав: Зибери, Рамиќ, Ристовски, Петковски, Стојчевски, Бериша, Пешевски, Гоергиевски, Дарлишта, Ѓоргиевски и Трајковски.

Првата прилика за отварање на резултатот ја имаше Марко Ѓоргиевски кој упати удар од 20 метри, но само во рацете на голманот. Во наредниов период уште две шанси за погодок. Од десната страна продор на Дарлишта кој ја упати топката во противничкиот простор, но во последни моменти дефанзивците на Милано исфрлаат во корнер. Во акција повторно Марко Ѓоргиевски, откако противникот не успеаа да постави офсајд замка за нашиот голгетер. Сепак Марко не се снајде баш најдобро и биеше само покрај голот. Конечно резултатот е отворен и тоа за радост на црвено-црниот состав. При една акција во шеснаесетникот беше фаулиран Кристијан Ристовски, па судијата без двоумење покажа на белата точка. Успешен реализатор беше капитенот Рамиќ кој погоди за 1:0. Овој резултат беше актуелен и по првиот дел.

Во вториот дел со уште еден погодок ја запечативме судбината на Милано. Во акција повторно Дарлишта кој успева да исфрли противнички играч и да упати центар шут во просторот, каде за жал ниту еден од нашите играчи не ја зафати топката. Марко Стојчевски во последните десет минути успева да постигне убав гол од слободен удар. Стојчевски прецизно биеше во долниот лев агол, кој не можеше да го скроти чуварот на мрежата на Милано. Резултатот е веќе 2:0, што ни даде смирена завршница без страв дека можее да ги загубиме трите бодови. До крајот црвен картон во нашиот состав доби токму стрелецот Стојчевски, откако поради два жолти картони мораше да ја напушти играта.

Пред ова коло, пионерите се наоѓаа на третото место на табелата со само еден бод заостанување, пред прво и второпласираните екипи на Шкендија и Шкупи. “Кикс“ на некој од овие два противника ќе значи место погоре на табелата за избраниците на Сашо Тодоровски.