Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пенал “рулетот“ среќен за Вардарци, помладите пионери се четвртфиналисти во купот, откако во Струмица ја елиминираа А.Пандев
Пенал “рулетот“ среќен за Вардарци, помладите пионери се четвртфиналисти во купот, откако во Струмица ја елиминираа А.Пандев

Пенал “рулетот“ среќен за Вардарци, помладите пионери се четвртфиналисти во купот, откако во Струмица ја елиминираа А.Пандев

Помладите пионери на ФК Вардар успеаа да се пласираат во четврфиналето на купот. Денес во Струмица се одигра осминафиналето од купот на Македонија, помеѓу генерациите родени “2002„ година на Академија Пандев и Вардар. Патникот во следната рунда беше решен дури по изведување на удари од белата точка, откако во регуларниот дел натпреварот заврши без голови 0:0

Тренерот Тодоровски стартуваше со следниве 11-сетмина: Станковски, Ѓурковски, Асани, Костовски, Крстевски, Мирков, Речица, Стојановски, Игнатов, Салиу, Гугуљанов.

Во игра влегоа уште Омерагиќ, Хасани, Фазлиу и Трајановски

Двете екипи имаа свои шанси и период на добра игра, но резултатот остана непроменет се до крајот на мечот, по што директно се пристапи на изведување на удари од белата точка. Во пенал серијата триумфиравме со резултат 7:6, а јунак е нашиот голман Марко Станковски кој одбрани удар на противникот во серијата кога се одлучуваше победникот. За Вардар погодија Омерагиќ, Игнатов, Трајановски, Али, Ѓурковски, Хасани и Фазлиу.

Ова е втора победа за само неколку неколку дена над овој противник, откако Вардар во рамките на четвртото првенствено коло ја совлада А.Пандев со резултат од 2:4.

Честитки за момците и тренерот Тодоровски за пласманот во осумте најдобри екипи во купот на Македонија.