Oколу 13 часот, Вардаровата експедиција пристигна во норвешкиот град Трондхајм, каде што утре „црвено-црните“ ќе го одиграат натпреварот со Розенборг, во рамките од второто коло од групата „Л“ во Лигата на Европа. Tие денеска имаат активности во Трондхајм, во 18:30 часот ќе се одржи прес конференција на која што ќе присуствуваат шефот на стручниот штаб Чедомир Јаневски, и еден играч на нашата екипа кои ќе ги искажат очекувањата од утрешниот натпревар. Во 19 часот на стадионот „Леркендал“ ќе се одржи и официјалниот тренинг на екипата.