Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Нов “кикс„ на пом.пионери на ФК Вардар кои не успеаа да го совладаат тимот на Њу Старс
Нов “кикс„ на пом.пионери на ФК Вардар кои не успеаа да го совладаат тимот на Њу Старс

Нов “кикс„ на пом.пионери на ФК Вардар кои не успеаа да го совладаат тимот на Њу Старс

Нов “кикс“ за помладите пионери на ФК Вардар, во рамките на 9.првенствено коло. Утрово на теренот на Академијата нашите надежи не успеаа да победат ниту во дуелот со екипата на Њу Старс, реални 0:0 на крајот од овој меч, што ќе смести Вардар можеби подолу од 4.место на табелата после одигрување на ова коло.

1

Тренерот Деспотовски стартуваше со следниве 11-сетмина: Јовчев, Трпезановски, Јовановски, Ѓорѓоски, Давков, Давидовски (c), Ќосески, Стојчевски, Алими, Андрески, Г.Стојановски.

Во првото полувреме резултатот беше оној почетниот 0:0.Првиот директен удар кон еден од головите го имаше составот на Вардар и тоа Лео Андрески кој бие слабо по земја, топката заврши во рацете на противничкиот голман. Се закани и екипата на Њу Старс, но ударот оди над голот на Јовчев. Најголемата прилика за загрозување на голот ја имаше Георг Стојановски кој на нафрлена топка од Стојчевски, со глава ја погоди само пречката од противничкиот гол. Голема прилика имаше и гостинската екипа, но нашиот голман,Гоце Јовчев успешно одбрани и може да се каже дека спречи чист погодок и негатива за својот тим. До крајот на првото полувреме не видовме поконкретна прилика за отварање на резултатот. Се обиде повторно Георг Стојановски, но одбрани голманот на противникот. Во следдните две акции во улога беа Андрески и Стојановски, во двата наврати Лео го пронаоѓаше Гео, но немаше реализација.

2

Прва измена на стартот на вториот дел во редовите на Вардар. Во игра влезе Антонио Мирков на местото на Ќосески. Харун Алими беше играчот кој прв се закани во вториот дел, но неговиот удар заврши покрај голот. Вардарци имаа иницијатива на теренот, но Њу Старс денес одигра тактички добро и зрело, па до крајот на натпреварот ја зачува својата мрежа незатресена. Нова измена направи тренерот Деспотовски, на местото на Андрески, во игра влезе Славче Живков. Лесно можеше Њу Старс да си замине денес со цел “плен„ откако еден од нивните играчи од прекин ја погоди гредата од вардаровиот гол.

45244345_1921703834543120_2454679311240658944_n

Поголеми проблеми за Вардар до крајот на натпреварот, кога поради втор жолт картон играта мораше да ја напушти Грегори Давков. Влегоа во игра и Прелоговски и Ѓорѓиевски, но ниту замените не дадоа резултат, вардар немаше ниту една голема прилика за погодок. На крајот може најреален резултат од овој дуел, без голови и со поделба на бодовите.

Во среда се игра заостаниот натпревар од 7.коло во кое помладите пионери се домаќини на екипата на Брегалница, можност за оваа генерација да се врати на победите во лигата.