Помладите пионери на ФК Вардар успеаа на импресивен начин да станат есенски шампиони во својата возрасна кагегорија. Оваа генерација на играчи родени “2002“ година го комплетираа првиот круг на натпреварување со дури 13 победи, само 1 нерешен резултат и без ниту еден пораз, што секако е остварување за почит. Само екипата на Работнички и тоа уште во второто коло успеа да ни одземе бодови, што на крај од полусезоната се покажаа како единствени загубени бодови во првенството. На тој меч кој се одигра на теренот на Алумина, двете екипи одиграа со нерешен резултат 0:0. Од третото коло започна серијата на Вардарци која траеше и по одигрување на 14 коло во лигата. Сезоната ја стартуваваме со гостински триумф против Ренова, кога екипата ја предводеше Љупчо Марковски-Калц, а последниот негов меч на клупата на оваа генерација беше во рамките на третото коло кога на домашен терен во дербито ја победивме Шкендија. После неговото заминување во ФК Скопје, клубот реши довербата за тренер на помладите пионери да му ја даде на Сашо Тодоровски.
Инаку последниве три години “Рап-Тап“ се покажа како најуспешен тренер во младинските екипи на ФК Вардар, со кои освои три последователни купа и едно првенство во категоријата на пионери. Воопшто не се погреши со неговиот избор, па така Тодоровски откако превзема да работи со оваа екипа стигна дури до 11 последователни победи од исто толку натпревари, што навистина ретко се гледа кај овие младински категории. Брзо ја вклопи екипата со неговиот препознатлив систем, а како што велат самите играчи, Рап-Тап е голем мотиватор, кој знае да ја подигне екипата дури и кога има негатива. Такви беа и дерби натпреварите против Работнички, кога губевме со 0:1 и против А.Пандев кога противникот имаше предност од два гола. Овие екипи всушност беа и најблиску да им одземат бодови на Вардарци, но колективноста и упорноста на црвено-црните да играат максимално до последната секунда без оглед на резултатот, говори за доминацијата и непобедливоста на помладите пионери. Вардар постигна дури 41 гол, додека прими само 10.
Ова се сите постигнати резултати на помладите пионери во првиот круг на натпреварување:
1 коло: Ренова - Вардар 1:4
2 коло: Работнички – Вардар 0:0
3 коло: Вардар – Шкендија 4:1
4 коло: А.Пандев – Вардар 2:4
5 коло: Вардар – Шкупи 4:0
6 коло: Пелистер - Вардар 1:2
7 коло: Вардар – Победа 2:0
8 коло: Милано – Вардар 0:2
9 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П 5:1
10 коло: Вардар – Ренова 5:0
11 коло: Вардар – Работнички 2:1
12 коло: Шкендија – Вардар 1:2
13 коло: Вардар – А.Пандев 4:2
14 коло: Шкупи – Вардар 0:1
На пролет, оваа генерација на Вардар ќе ја гледаме и во најдобрите четири екипи на националниот куп. Во ова натпреварување го доживеавме и единствениот пораз на гостувањето во Куманово, каде најверојатно игравме со екипа во која настапуваа повозрасни играчи. Голманот Марко Станковски беше херој во осминафиналето, кога дури по изведување на пенали ја елиминиравме А.Пандев.
1/8 куп: А.Пандев – Вардар 0:0 ( пенали 6:7)
1/4 куп: Вардар – Еуроспорт 4:0
1/4 куп: Еуроспорт – Вардар 3:0
Најдобар стрелец во овој дел од сезоната е Азер Омерагиќ кој има постигнато 8 голови. Вака изгледа листата на стрелци кај оваа генерација на Вардар.
1. Азер Омерагиќ 8
2. Антонио Мирков 7
3. Атом Фазлиу 6
4. Фисник Салиу 5
5. Кристијан Стојовановски, Далибор Костовски, Виктор Крстевски по 3 голови
6. Дамјан Трајановски, Абдула Хасани, Анатолиј Петејчук по 2 голови
7. Али Асани, Мартин Величковиќ, Марио Илиевски по 1 гол.
Вардар се наоѓа на врвот на табелата и тоа со голема бодовна разлика пред останатите противници. Освоивме дури 40 бодови, или 13 повеќе од екипата на Академија Пандев и 14 повеќе од Работнички и Шкендија. Секако дека не е ништо готово и не очекува уште една тешка полусезона, во која Вардарци треба да докажат дека овие резултати не биле случајност и дека треба максимално подготовени да влеземе на натпреварите од пролет следната година.