Tuesday ,19 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Штербик, Стоилов, Гонзалес и двете ракометни екипи Вардар најдобри за 2017 во Скопје
Штербик, Стоилов, Гонзалес и двете ракометни екипи Вардар најдобри за 2017 во Скопје

Штербик, Стоилов, Гонзалес и двете ракометни екипи Вардар најдобри за 2017 во Скопје

На крајот од годината се доделуваат признанија на најуспешните во годината која минува.  Па така во традиционалниот избор на Сојузот на спортови на Скопје,  европскиот првак РК Вардар доминира во категориите и ги  доби најважни награди.

Очекувано  Вардар кој дојде до пет титули, во ЛШ, СЕХА, домашното првенство, Куп и Суперкуп е прогласен Вардар за најдобра екипа за 2017 година. За најдобар спортист сениор е прогласен е  капитенот на црвено-црните  Стојанче Стоилов.   Раул Гонзалес доби признание за  најдобар тренер, а најдобар странски спортист е Арпад Штербик. Покрај тоа ЖРК Вардар однесе уште една награда, а тоа е за најдобра женска екипа, оваа година девојките  играа во големото финале на Лигата на шампиони и завршија како “сребрени“.

*Свеченоста на која  ќе бидат  доделени  наградите ќе се одржи утре, среда  во С.Ц „Борис Трајковски“ од 13-00 часот.