Tuesday ,19 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Голманот на Вардар Јуниор, Никола Кизиќ дополнително вклучен во Македонската сениорска репрезентација
Голманот на Вардар Јуниор, Никола Кизиќ дополнително вклучен во Македонската сениорска репрезентација

Голманот на Вардар Јуниор, Никола Кизиќ дополнително вклучен во Македонската сениорска репрезентација

Македонската ракометна репрезентација го имаше првиот собир, како подготовка за претстојното Европско првенство кое од 12-26-ти јанури следната година ќе се одигра во Хрватска. На првиот собир интересно се појавија само четири ракометари, од кои два беа од Европскиот шампион, од екипата на Вардар. Тоа се Стојанче Стоилов и десното крило Мартин Поповски. Поради немање голмани, дополнителен повик доби уште еден член на Вардар, се работи за Никола Кизиќ кој го брани голот на Вардар Јуниор и е постариот од браќата Кизиќ. Никола и Марко Кизиќ настапуваат за вториот тим на Вардар, а неговиот помал брат беше прогласен за најдобар голман на турнирот во Васлуи, настапувајќи за кадетската репрезентација на Македонија.

До недела се очекува да биде комплетирана Македонската репрезентација, која ќе ги започне финалните подготовки за ЕП во Хрватска.