Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Помладите пионери на Фк Вардар се вистински “хит“ во новата сезона
Помладите пионери на Фк Вардар се вистински “хит“ во новата сезона

Помладите пионери на Фк Вардар се вистински “хит“ во новата сезона

Најмладата Вардарова генерација која се натпреварува во националното првенство и купот, помладите пионери се вистинско откритие во новата натпреварувачка сезона. Ова е нивна премиерна сезона во домашните напреварувања, која на успешен начин ја започнаа. Овие млади момчиња се најдобрата категорија на Вардар, која се натпреварува во лигата. По првите шест одиграни кола, избраниците на Сашо Јанев сеуште не знаат за неуспех. Имаат забележано пет победи и само еден нерешен резултат, што ги прави најуспешна црвено-црна генерација. Веќе се пласираа и во следната рунда на купот, откако во 1/8 беа подобри од Академија Пандев.

Бројки и факти кои ги прават да бидат најдоброто од фудбалскиот клуб Вардар во моментов:

-Помладите пионери (У-16) беа единствените кои забележаа триумф против екипата на Шкендија, во сите дуели на Вардаровите генерации. Победата беше уште послатка, ако се знае дека ја остварија со убедлив резултат од 4:0.

-Успеаа да го победат вечниот ривал, екипата на Пелистер со 7:0. Тоа беше најголемиот триумф, во дуелите на категориите на Вардар, против екипата на Пелистер.

-Единствена наша категорија која сеуште нема доживеано пораз во домашното првенство. Вкупно пет победи и еден нерешен резултат е нивниот учинок.

-Имаат најмногу постигнати голови од сите младински категории, вкупно 22 голови во мрежата на противниците, што ги прави најефикасна Вардарова генерација.

-Можеби со најголема радост и задоволство беше доживена нивната победа, на последното гостување во Чаир против екипата на Шкупи. По се што се случуваше на теренот во Чаир со премногу груба игра на противникот, помладите пионери сепак со три бода си заминаа од ова тешко гостување.

Ова се сите бројки и податоци, што ги прават избраниците на Сашо Јанев да бидат број еден моментално во младинските категории на Вардар.