Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар јуниор одигра добар меч, но на крајот беше минимално поразен
Вардар јуниор одигра добар меч, но на крајот беше минимално поразен

Вардар јуниор одигра добар меч, но на крајот беше минимално поразен

Избраниците на Пепи Манасков, Вардар јуниор го забележаа вториот пораз во својата прва сезона во најсилната супер лига. Иако одигравме ден добар и пред се квалитетен натпревар, сепак на крајот екипата на Радовиш се радуваше на победата. Во еден тежок натпревар со голема борба на двете страни, домаќините на крајот беа поумешни во нападите и забележаа триумф со резултат 24:23.

Се играше речиси израмнето во текот на целиот натпревар, со менување на водството за двете екипи. Во текот на првите 30 минути, ниту еден од двата тима не успеаа да се одлепи од противникот за повеќе од два голови разлика. Се играше речиси гол за гол, па на полувреме се замина со нерешени 13:13.

Првиот гол на почетокот на вториот дел им припадна на црвено-црните, но во следните минути следуваше серија на домаќинот од 4:0, за прв пат на овој меч да имаат водство од 17:14. Сепак нашите момци не се откажаа, продолжија да играат успевајќи на два пати повторно да го израмнат резултатот. Одлучувачки моменти беа некаде последните шест минути, кога Радовиш направи нова серија од 3:0, што се покажа пресудна за конечниот победник. Немаше многу време за јуниор да го израмни повторно резултатот и да извлече барем бод од ова гостување. Конечниот резултат гласеше 24:23 во корист на домаќинот.

Неданосвки беше најефикасен со 5 голови, по 4 постигнаа Јовчевски, Андовски и М. Манасков.