Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Сега мислите се насочени кон Кристијанштад – Милиќ: Тактички добро одигравме
Гонзалес: Сега мислите се насочени кон Кристијанштад – Милиќ: Тактички добро одигравме

Гонзалес: Сега мислите се насочени кон Кристијанштад – Милиќ: Тактички добро одигравме

Црвено-црните за само два дена одиграа уште еден натпревар на кој забележаа нов триумф. Противник беше екипата на Татран Прешов, кој успеавме високо да го поразиме со резултат 39:32. Во ниту еден момент не беше доведено во прашање кој ќе ги освои новите бодови во ова натпреварување. Освет почетните 10 минути кога се играше израмнето, до крајот на мечот нашиот шампион ја зголемуваше разликата, која на моменти достигна и 12 голови разлика. После завршување на дуелот, своите импресии ги изнесоа тренерот Гонзалес и повратникот во екипата, голманот Страхиња Милиќ.

-Татран беше подобар во второто полувреме, но ние имавме одлично прво полувреме. Нашата одбрана 5-1 функционираше добро, можевме да правиме контранапади, украдивме многу топки, но во вториот дел беше полошо. Ја сменивме одбраната во 6-0 и Татран одигра подобро. Јас разбирам дека имаме многу притисок. Пред два дена игравме против ПИК Сегед во ЛШ, сега играме СЕХА и мораме да размислуваме и за Кристијанштад. Сепак одигравме добар натпревар, а Татран беше одличен противник и му посакувам среќа, рече Раул на пресот.

Милиќ доби шанса да стартува на голот, каде за едно полувреме забележа 5 одбрани.

-Рековме во најавата за овој натпревар дека Татран не смее да се потцени и дека е незгоден противник. Тоа го испочитувавме, одигравме добро тактички, ги следевме насоките од тренерот и успеавме да победиме. Му посакувам среќа на Татран и во СЕХА и во ЛШ, изјави Милиќ.