Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Помладите пионери на Фк Вардар со пријателски натпревари
Помладите пионери на Фк Вардар со пријателски натпревари

Помладите пионери на Фк Вардар со пријателски натпревари

Помладите пионери на Фк Вардар напорно се подготвуваат за почетокот на пролетниот дел од сезоната. Во склоп на припремите, одиграа неколку пријателски натпревари со цел да ја одржуваат формата.

Денес на теренот во Марино, одиграа без голови против екипата на Шкупи. Претходно, одиграа два меча и со екипата на Форца и во двата наврати остварија убедливи победи. На првиот меч, конечниот резултат гласеше 3:1. Тогаш погодија Марко Ѓоргиевски(2) и Кренарт Дардиша. На вториот дуел забележаа победа од 8:2.

Играа и против пионерите на Фк Вардар, каде забележаа пораз од 3:2. За помладите пионери, стрелци на головите беа најдобриот голгетер, Марко Ѓоргиевски и Никола Џурџу.

Оваа екипа има и нов тренер во името на Сашо Тодоровски, кој дојде на местото на Туш Зефиќ, кој замина да работи во Индонезија.