Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пом.Пионери одиграа меѓусебен дуел кој заврши нерешено
Пом.Пионери одиграа меѓусебен дуел кој заврши нерешено

Пом.Пионери одиграа меѓусебен дуел кој заврши нерешено

Денес пријателски дуел требаше да одиграат помладите пионери на црвено-црниот фудбалски колектив со екипата на Брегалница од Штип, но поради оправдани причини гостите не допатуваа на овој дуел. Сашо Јанев на теренот во склоп на Академијата во градски парк ја подели екипата во два тима “црвени“ и “зелени“. Двете екипи одиграа допадлив меч со многу трчање и убави фудбалски потези. Дуелот заврши со реми, резулат 3-3.

tz2

Први со погодок мечот го отворија “црвените“  кој поведоа 1-0 со  убавиот погодок на Самир Хасиќ, тој во соло продор од левата страна упати одличен удар и погоди евро-гол во горниот десен агол. По неколку минути цврста игра на средината на теренит шанса се создаде и за “зелените“ кои изедначија преку рутинираниот удар на Бојковски Дамјан . “Црвените“ се обидуваа да го вратат водството на мечот  имаа серија шанси, но не успеваа. Конечно преку Виктор Петкоски го вратија водството , тој погоди за 2-1 што подоцна се покажа како конечен резулат на првиот период од мечот.

Вториот период почна како и првиот со многу борба помеѓу двете екипи на помладите пионери на фудбалскиот клуб Вардар. “Зелените“ успеаа да ја вратат резултатската симетрија на дуелот, тие изедначија на 2-2 преку одличниот удар на Давид Астарџиев, тој постигна прекрасен гол во аголот од голот на “црвените“. По израмнувањето повторно “црвените“ се обидоа и успеаа да поведат на овој дуел, со голот за 3-2 на најдобриот стрелец во генерација 2002 на завршниот турнир во детската лига, Марио Илиевски. Тимот на “зелените“ повторно третпат беше пред предизвик по гол негатива да брка реми, имаа неколку шанси се обиде и Стефан Симоновски со удар од 18 метри, но топката мина крај голот. Сепак до крајот на дуелот успеаа да изедначат, за резултат 3-3 кој се покажа како конечен подоцна стрелаше Мартин Спировски. По крајот на дуелот сите играчи во “ревијален пенал рулет“ си ги одмерија силите.

tz3