“Јуниор“ лигата која беше во целост проект на ракометниот клуб Вардар беше вистинско откритие, но и голема среќа за сите спортисти кои се занимаваат со овој спорт. Голема беше честа за ракометните школи низ цела Македонија да бидат дел од “Јуниор“ лигата, каде нивните деца имаа можност преку натпреварите да ги покажуваат своите квалитет. Повеќе од 20 ракометни школи беа дел од овој голем проект на РК Вардар, кој се очекува да биде зголемен во следната натпреварувачка сезона. Ние како медиум продолжуваваме да ги промовираме најмладите, кои беа дел од лигата и да ги дознаеме нивните впечатоци и мислења за оваа лига. Победник во машка конкуренција, во највозрасната генерација родени 1998/99 година беше екипата на Академија 2, која во големото финале беше подобра од тимот на РК Шампион. Стефан Златковски од екипата на РК Делчево настапуваше токму за Академија 2.
-“Вардар јуниор“ лигата за мене претставува големо задоволство. StegПроектот е успешно реализиран, и се надевам дека во иднина ќе продолжи. Исто така ни овозможи да ги покажеме своите квалитети и способности на терен а после сето тоа незаборавна дружба и ширење нови пријателства.
Академија 2 беше составена од играчи, од неколку различни екипи, кои во текот на целата сезона се натпреваруваа во оваа лига.
-Од играта на РК Делчево и Академија 2 сум многу задоволен. Во академијата бевме измешани од повеке тимови но за нас тоа не беше проблем бидејки бргу се уигравме како тим и со голема желба и напор го освоивме првото место. Ова натпреварување на мене ми даде многу голема можност да го покажам тоа што го знам и умеам и тоа што ми го пренел мојот тренер Горан Велков. Од мојата игра во првата сезона на “Вардар јуниор“ лигата сум многу задоволен, иако имаше многу натпревари во кои можев уште подобро да се истакнам.
Признанието за најдобар голман на завршниот турнир кај генерација родени 1998/99 му припадна на Стефан Златковски.
-Тоа што ме избраа за најдобар голман за мене претставува огромно задоволство и голем поттик и мотивација да продолжам со уште понапорна работа. Оваа награда мене ми значи многу, бидејќи покрај толку квалитетни голмани мене ми припадна наградата. Искрено не се надевав дека ке бидам избран за најдобар голман, но секако сакав да бидам тој што ке го освои признанието. Би ми била огромна чест да бидам повикан во младинските категории на РК Вардар и се надевам дека мојот сон ке стане реалност да го бранам голот на црвено-црните, изјави Стефан Златковски за нашиот сајт.
Звонко Ивановски