Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Помладите пионери на ФК Вардар ќе играат во 1/2 финалето на Купот, нашите надежи подобри од градскиот ривал
Помладите пионери на ФК Вардар ќе играат во 1/2 финалето на Купот, нашите надежи подобри од градскиот ривал

Помладите пионери на ФК Вардар ќе играат во 1/2 финалето на Купот, нашите надежи подобри од градскиот ривал

Помладите пионери на ФК Вардар ќе играат во полуфиналето на националниот Куп. Денес на теренот на „Академијата“ нашите млади надежи во рамките на 1/4 финалето беа подобри од екипата на Работнички. Крајниот резултат гласеше 2:0 во наша корист.

Вардар повторно се покажа како подобар тим од градскиот ривал, со оглед дека пред две недели ги победивме на натпревар од Супер лигата. Момците на Стефановски-Гаге покажаа повеќе од противникот и на крајот заслужено се радуваа.

По еден паднаа во двете полувремиња од натпреварот. Најпрво во 18 минута предност од 1:0 донесе Арбин Курти, додека во 62.минута „печат“ на победата за Вардар стави Филип Јовановски. Со оглед дека патникот во следната рунда се решава на само еден одигран натпревар, Вардар ќе биде тимот кој се најде во најдобрите четири екипи во Купот.

ФК Вардар: Филевски, Фидановски, Здравковски, Стојилевски, Јовановски, Спасиќ, Величковски (К), Цветков, Курти, Таневски, Дошев.

Играа уште и Илиевски, Кузмановски и Јакимовски.