Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Вардар му одржа фудбалска „лекција“ на Пелистер, помладите пионери се блиску до освојување на првенството
Вардар му одржа фудбалска „лекција“ на Пелистер, помладите пионери се блиску до освојување на првенството

Вардар му одржа фудбалска „лекција“ на Пелистер, помладите пионери се блиску до освојување на првенството

Помладите пионери се наоѓаат на само уште една победа до освојување на Шампионската титула. Утрово на спортскиот комплекс во населбата Хиподром, момците на Сашо Јанев ја „растурија“ екипата на Пелистер со резултат 7:0.

Вардар својата работа ја заврши уште во првото полувреме, кога имаше висока предност од 6:0. Марко Николовски беше играчот кој по само осум минути игра успеа да го отвори резултатот и да му донесе водство на својот тим од 1:0, со волеј удар откако центар шут упати Коловски. Голот на битолчани беше под целосна опсада, а следен кој се запиша во листата на стрелци беше Алтин Алији, кој излезе сам на сам со голманот, успеа да погоди за водство од 2:0 во 11 минута од дуелот. Се играше 23 минута кога Нуман Ајетовиќ се ослободи од еден противнички играчи, биеше во шеснаесетникот прецизно за предност од 3:0. Идентичен погодок даде и Стефан Коловски кој во 36 минута го зголеми резултатот на 4:0. Без разлика на високото водство, црвено-црните продолжија со офанзивна игра. Алтин Алији беше играчот кој со глава во 38 минута зголеми на 5:0, додека резултатот 6:0 на полувреме со својот втор гол денес го постави Марко Николовски.

Игравме релаксирано во вториот дел од натпреварот со оглед дека имавме висока предност, но сепак не му дозволивме на противникот посериозно да се закани кон нашиот гол. Тренерот Сашо Јанев во овој дел од мечот им даде шанса за настап на сите играчи кои му на располагање за овој првенствен натпревар. Во овој дел видовме само еден гол, истиот беше дело на Михаил Танчев во 78.минута кој искористи една грешка на стоперите на гостинската екипа, им одзема топка го помина и голманот за конечни 7:0 на овој натпревар.

 Вардар: Максим Краљевски, Нуман Ајетовиќ, Драган Јанкоски, Димитар Порчу (К), Марко Николовски, Давор Лефковски, Алтин Алији, Стефан Коловски, Алтин Нурединовски, Дамјан Алексовски и Александар Миовски.

Играа уште и Михаил Танчев, Мирза Хасиќ, Максим Цониќ, Матеј Анастасов, Михаил Николов и Матеј Ѓорѓиевски.