Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар подобар од Форца, на натпревар од Детската Лига кај генерација 2009
Вардар подобар од Форца, на натпревар од Детската Лига кај генерација 2009

Вардар подобар од Форца, на натпревар од Детската Лига кај генерација 2009

Денес на терените на ФФМ, генерацијата 2009 на ФК Вардар во дербито успеа да ја победи екипата на Форца. Избраниците на Зоран Петковски во еден интересен и квалитетен натпревар стигнаа до триумф со резултат 3:2.

Во првите три минути од натпреварот видовме два гола, по еден во двете мрежи. Алек Чедомирски му донесе рано водство на Вардар, но после една минута противникот успеа да израмни на 1:1, резултат со кој се замина на полувреме.

1 2 3 4

Во вториот дел видовме уште шанси и голови. Со голот на Коста Бошковски, Вардар повторно дојде во водство, овој пат од 2:1, но Форца пак го израмни резултатот на 2:2. Во финишот подобро се снајдоа младите надежи на Вардар кои со погодокот на Јаков Стојковски обезбедија триумф со резултат 3:2.

5 6 7 8