Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Брегалница нова “жртва“ за помладите пионери на Фк Вардар
Брегалница нова “жртва“ за помладите пионери на Фк Вардар

Брегалница нова “жртва“ за помладите пионери на Фк Вардар

Две наши фудбалски генерации одиграа пријателски натпревари во Штип, против екипата на Брегалница. Помладите пионери беа подобри од своите врсници од Брегалница, додека пионерите доживеаа неочекуван пораз.

Помладите пионери не помислуваат на ништо друго, освен победа дури и на пријателските натпревари. Екипата на Брегалница беше нова “жртва“ за избраниците на Сашо Јанев, кои одиграа нов одличен дуел. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 0:4. Четири различни играчи се запишаа во листата на стрелци и тоа Мартин Спировски, Ибрахим Ариф, Марио Илиевски и Виктор Петкоски. По првото полувреме исто така имавме водство, откако на пауза се замина со резултат 0:2. Оваа генерација покажува дека се наоѓа во одлична форма, пред натпреварите од пролетниот дел во првенството, каде оваа екипа се наоѓа на првото место.

Пионерите беа неочекувано поразени од екипата на Бегалница со минимален резултат од 1:0. Во првото полувреме пропуштивме одлична можност први да го отвориме резултатот, откако капитенот Рамиќ промаши удар од белата точка. Двете генерации влегуваат во последната фаза од подготовките, пред почетокот на пролетниот дел од сезоната.