Во досегашните шест меча во Челинџ купот нашите млади девојки успеаа да забележат пет последователни победи, но за жал го изгубија шестиот меч што значи дека сонот за полуфинале е изгубен. Вчера гостувавме кај екипата на Карпати од Украина во рамки на реванш дуелот од 1/4-финалето .
На овој клучен меч домаќинките дојдоа до победа од 28-17, со која се пласираа во полуфиналето на овој Куп. За нашата млада екипа ова беше големо искуство, и уште во првата сезона од настапот во еврокуповите одиграа дури шест меча. По првите 30 минути на средбата во Украина, екипата на Карпати имаа предност од 14-8, со што веќе ја анулираа предноста од Скопје, каде ние победивме со 22-19. Најистакнат во победата беше домашниот голман Ирина Јаблонска имаше 29 одбрани, од што 14 во вториот дел, и таа беше клучот на триумфот на украинскиот преставник во ова натпреварување екипата на Карпати.
Вардар јуниор: Нолевска 5, Керамичиева 4, Митова 4, Николовска 1, Прленда 1, Стојановска 1 Трпковска 1, Белмезова, Бојаџиска, Џини, Гичевска, Ѓорѓиевска, Ладева, Мишевска, Петровска, Трајчевска.