Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Продолжува победничката серија на пом. пионери, кои го добија дербито со екипата на Работнички и стигнаа до својата десетта победа
Продолжува победничката серија на пом. пионери, кои го добија дербито со екипата на Работнички и стигнаа до својата десетта победа

Продолжува победничката серија на пом. пионери, кои го добија дербито со екипата на Работнички и стигнаа до својата десетта победа

Помладите пионери го добија дербито со екипата на Работнички. Утрово на теренот на Академијата, избраниците на Сашо Тодоровски одиграа нов одличен натпревар, на кој славеа со резултат 2:1. Стрелци на головите за Вардар беа Омерагиќ и Стојановски.

Тренерот Тодоровски стартуваше со слениве 11-сетмина: Станковски, Петејчук, Крстевски, Величковиќ, Асани, Гугуљанов, Трајановски, Хасани, Мирков, Омерагиќ, Фазлиу.

Првите десет минути од натпреварот поминаа без некое поголемо возбудување, додека првата поопасна прилика за отварање на резултатот ја имаше екипата на Работнички, кои можеа лесно да казнат едно наше невнимание во одбраната, но за наша среќа ударот оди само покрај голот на Станковски. Црвено-црните  вратија кога од десната страна Мирков нафрли добра топка во противничкиот шеснаесетник, но за малку прекраток во својот обид со глава беше Атом Фазлиу. Се играше цврсто на средината на теренот и двете екипи беа претпазливи. Противникот со нов удар кон нашиот гол, овој пат нашиот голман ја прибира топката во своите раце, при што резултататот остана непроменет. Работнички сепак е тимот кој прв успева да поведе со 0:1 и тоа откако еден од нивните играчи биеше од голема далечина, Станковски не реагираше добро и топката заврши во нашата мрежа, за отварање на резултатот. Сепак радоста на гостинската екипа не траеше долго време бидејќи, Вардар успева по само две минути игра да го израмни резултатот на 1:1. Од прекин нафрли Али Асани во противничкиот шеснаесетник, на вистинското место се најде Азер Омерагиќ кој со глава бие прецизно во мрежата на Работнички.

2

Веднаш се обиде противникот да врати, но нивниот удар оди покрај нашиот гол. Се играше брзо темпо од страна на двете екипи, кои сакаа да постигнат уште еден гол. Нашиот бек, Али Асани се обиде директно од слободен удар да бие, но голманот на Работнички ја избоксува топката. Имавме шанса и преку Мирков, кој на нафрлена топка од левата страна на Омерагиќ бие со нога за малку покрај голот. За одбележување во првиот дел е и обидот на Петејчук кој од голема далечина се обиде да го изненади противничкиот голман, кој сепак беше присебен и одбрани. На полувреме без предност за ниту една од двете екипи, резултат е нерешен 1:1.

1

После пет мунути игра во второто полувреме беа направени првите две измени. Од игра излегоа Трајановски и Фазлиу, додека на нивно место се Стојановски и Речица. Вардар успева да постигне втор гол и да поведе со 2:1, што на крајот се покажува и како конечен резултат на овој натпревар. Нафрлена топка од корнер која стигна до Величковиќ кој бие, одбиената топка стигна до нововлезениот Кристијан Стојановски кој ја погодува противничката мрежа, за голема радост на црвено-црните. Вардар после предноста имаше шанса и преку Величковиќ, кој на нафрлена топка од десната страна, ја “поткопа“ топката која заврши над голот на Работнички. Трета измена кај Вардар, во игра влезе Салиу, на местото на Гугуљанов. До крајот на натпреварот немаше некои поголеми опасности кон двата гола. Имаше обид екипата на Работнички, но успешно одбрани Марко Станковски. Во последните пет минути направена и четврта измена. Во игра е Далибор Котовски, на местото на Хасани. До крајот немаше промена, па натпреварот заврши со резултат од 2:1.

4

Ова беше вкупно десетта победа за нашите помлади пионери, кои имаат и само еден нерешен резултат и без ниту еден пораз. После оа коло бодовната разлика помеѓу Вардар и Работнички  е дури 11 бодови во корист на Вардарци.