Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пионерките на Вардар го претрпеа првиот пораз сезонава
Пионерките на Вардар го претрпеа првиот пораз сезонава

Пионерките на Вардар го претрпеа првиот пораз сезонава

Пионерките после триумфот во дербито против Металург, во рамките на четвртото коло денес  гостуваа во Струмица, на екипата на ЖРК Струма. Во овој дуел нашите девојки, кои се предводени од Платон и Кузмановска претрпееа пораз со 13-10 (7-6), ова беше прв пораз на младата генерација која првпат сознава игра во лига систем.

Први со гол првиот дел го отворија нашите девојки потоа следуваше изедначување. Првиот период    беше израмнет во него двата тима беа блиску еден до друг на резултатски план. Ниту еден тим не успеваше да се одлепи па на пауза се замина со минимална предност на домашната екипа.  Тие водеа со 7-5 пред крајот, ние намаливме на 7-6 и со тој резултат заминавме на одмор.

f41

Вториот дел во салата при ЦЗУ “Димитар Влахов“ -Струмица почна со гол на домаќинките кои се одлепија на два предност. Нашите девојки денес по трите победи забележаа прв пораз заради лошата игра во нападот и одбраната која ја прикажаа на овој дуел.  Домаќинките до крајот на дуелот успеаа да издржат и да ја зачуваат предноста, тие победија со три гола разлика на овој дуел. Победата на домашниот тим беше остварена со резултат 13-10 на крајот.  Во нашиот табор Мила Пешевска, Александра Коловска и Андреа Милановска имаа по два погодака, кај победникот Милчевска Добрица имаше четири погодока.