Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Работнички на колена, Вардар го доби пионерското дерби и со наведнати глави го испрати противникот
Работнички на колена, Вардар го доби пионерското дерби и со наведнати глави го испрати противникот

Работнички на колена, Вардар го доби пионерското дерби и со наведнати глави го испрати противникот

Пионерите на ФК Вардар стигнаа до нова победа во првенстото, откако денес на теренот на Академијата го совладаа својот градски ривал, тимот на Работнички. На натпревар полн со возбудувања, неспортско однесување на противникот, црвени картони и инциденти, на крајот Вардар ги освои трите бодови од овој меч.

Тренерот Тодоровски стартуваше со следните 11-сетмина: Андов, Ѓурковски, Манасиевски, Спировски, Николов, Ристовски, Андоновски, Игнатов, Хасановиќ, Илиевски, Астарџиев.

Првиот директен обид кон еден од головите го имаше Давид Астарџиев, кој со глава бие покрај притивнчкиот гол. Следен кој се обиде беше Андоновски, кој шутира само во рацете на добро поставениот голман на Работнички. Гледавме борбена игра на двете страни, и двата тима се обидуава да го отворат резултатот. Силен удар упати и гостиската екипа, но одлично одбрани Матеј Андов, кој исфрли во корнер. Вардар успева прв да го отвори резултатот и тоа со удар од белата точка, откако во противничкиот шеснаесетник беше фаулиран Малик Хасановиќ. Најпрво главниот судија покажа фаул надвор од шеснаесетникот, но по сугестија на помошникот суија беше покажано на белата точка. Сигурен реализатор беше Давид Ристовски, кој му носи предност на Вардар од 1:0.

l2

Се обиде Работнички да врати, но нивниот удар оди покрај нашиот гол. Добра шанса имаа избраниците на Тодоровски да го зголемат резултатот, но ударот на Хасановиќ го брани противничкиот голман. До крајот на првиот дел, за одбележување е обидот на Астарџиев од слободен удар, кој бие далеку од голот. По првите 40 минути резултатот е 1:0 за нашиот состав.

l1

Гледавме интересно второ полувреме, кое помина и со инциденти на теренот. Гостинската екипа ја имаше првата посериозна шанса во второто полувреме, кога ја погодија стативата од наиот гол. Направена измена кај нас, на местото на Ристовски, во игра влезе Џемал Ибиши, потег вистински од клупата на Вардар. Манасиевски повлече топка од средината на теренот, сам претрча неколку противнички играчи, нафрли до Хасановиќ, кој од непосредна близина не успеа да го погоди голот. Прошуштената шанса, му даде само поголем мотив на противникот да го нападне нашиот гол и да се обиде да го израмни резултатот. Имавме среќа, кога Работнички ја погоди стативата од нашиот гол и не донесе израмнување. Нова прилика за гостинот, кога еден од играчите со глава биеше покрај голот на Андов.

l4

Денес нашиот голман, Андов заслужи чиста десетка бидејќи спаси најмалку два чисти погодоци и ја зачува до крајот својата мрежа незатресена. Поради неспортско однесување, на еден од противничките играчи, главниот судија му покажа црвен картон. Сите дилеми за победникот ги разреши Џемаил Ибиши, кој успева да ја погоди противничката мрежа и да зголеми на 2:0. Во истиот момент додека Вардар го славеше голот, еден од играчите на Работнички отиде остро со нога, над Ибиши, по што настана голема мешаница на тереност. Страстите некако се смирија, а Вардар стави печат на победата, зголемувајќи го резултатот на 3:0, повторно стрелец на голот е Џемаил Ибиши, кој ги постави конечните 3:0. Немили сцени на теренот на Академијата, идентично како и минатата сезона на натпревар на истиве генерации. Овие натпревари во младинските категории со градскиот ривал стануваат се потензични, каде екипите излегуваат од контрола. На крајот заслужена победа за Вардар и спортски поздрав на двете екипи.