Навивачкиот спектакл на Комити штотуку започнува на Плоштадот во центарот на Скопје. Плоштадот почнува се повеќе и повеќе да се полни со Комити и навивачи на ФК Вардар. Сите оние кои сеуште се двоумат дали да присуствуваат на овој невиден спектакл во Македонија, ги повикуваме да се упатат кон Плоштадот а потоа и кон стадион каде што вечерва ќе има ноќ за паметење.
Минатите два дена Комитите покажаа дека навистина Скопје овие три дена ќе гори и дека се е во знакот само на навивачите. Најпрвин успешно помина дефилето, на ракометниот натпревар вчера пак, Комитите не ги собираше во целиот број на трибината зад голот.
За ноќ за паметење, ќе се запалат и повеќе од 500-тини пиротехнички средства во чест на овој голем јубилеј на Комитите. Билетите за Западната трибина се по цена од 0 денари.
Неколку фотографии од вчерашната забава, дуелот и дефилето во петокот: