Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинките на Вардар триумфираа во дуелот со РК Кузман во “Кале“
Младинките на Вардар триумфираа во дуелот со РК Кузман во “Кале“

Младинките на Вардар триумфираа во дуелот со РК Кузман во “Кале“

Денес во спортската сала “Кале“ во Скопје се одигра дуел од младинската лига во кој екипата на ЖРК Вардар ја пречека младинската екипа на РК Кузман од Скопје. Нашите девојки дојдоа до нова победа во младинската лига со резултат 38-22 (13-8).

dd2

Вардарки кои денес ги предводеше од клупата Кузмановска Александра први со гол го отворија дуелот, потоа постигнаа уште еден погодок и поведоа со 2-0 на почетокот од дуелот. На ова девојките на РК Кузаман одговорија со погодок и намалија на 2-1 во продолжение . Следуваше моменти во кој вардарки прават серија 4-1 со која некаде на половината од првиот период се одлепија на “четири плус“ односно поведоа со резултат 6-2. Од минута во минута црвено-црните ја зголемија предноста па во финишот влегоа со шест голови позитива на нивното конто, тие водеа со  13-7, а потоа гостинот успеа да намали со постигнување уште еден погодок во мрежата на црвено-црните младинки. Ние не успеавме во напад, а последна прилика во првите 30.минути имаа девојките на Кузман кои изведоа пенал, истиот го одбрани Вики Сандева и го зачува голот на вардарки, на одмор заминавме со предност од пет гола, односно резултат 13-8.

dd3

Вториот период почна со брз гол на гостинките, девојките предводени од Александар Савов по само 18.секунди игра намалија на 13-9 на овој младински дуел.  Веднаш на тој погодок вардаровите младинки одговорија со серија тие со серија 4-0, поведоа со 17-9 во 33.минута од овој натпревар. Концетрацијата на гостинките попушти па успеавме да поведеме првпат двоцифрено со резултат 21-11 во 40.минута од овој младински дуел.  Од минута во минута се зголемуваше таа предност, па така во наредните 10.минути поточно во 51.минута влеговме со  “додадени пет плус“ односно водевме петнаесет гола предност. На семафорот во салата “Кале“ стоеше резултатот 32-17  во корист на црвено-црните дами. Следеа пет минути во кој гостинките одиграа подобро на теренот, тие направија серија 1-3 и намалија на 33-20 во 55.минута.  До крајот се беше формалност ние лесно дојдовме до победа на овој натпревар впишувајќи нови бодови, ние победивме на овој младински натпревар со резултат 38-22. Прв стрелец кај нас беше Гоцевска Марија со 9 гола, а Ивановска Елена имаше 6 гола. Кај поразените Спасовска Матеа погоди 6 пати, а Ивана Ангеловска имаше 5 гола.

dd4

Вардар: Сандева 11одбрани (2 седмерца), Бабунска 2.одбрани, Ивановска 6, Софковска 2, Танчевска 1, Неловска 2, Величковска 3, Паланковска, Алушовска, Сројчевска 2, Тајковска 2, Блажевска 5, Цветковска, Костадиновска 1, Гоцевска 9 и Ангеловска 5.