Утрово помладите пионери на фудбалскиот клуб Вардар предводени од Јанев Саше заминаа за Бјелина, Босна и Херцеговина каде од 6-11-ти јуни ќе бидат дел од силниот меѓународен “Турнир на пријателство“. Утре ги започнуваме настапите, со натпревар против екипата на Војводина, кој започнува од 10 часот, со директен пренос на каналите на Спорт клуб.
Во следните два дена, противници ќе ни бидат екипите на Осијек и Сараево. Екипите се поделени во четири групи, составени од четири тимови. Само првопласираните од секоја група, ќе имаат можност да играат во полуфиналето на турнирот.