Вардарова доминација во изборот на ЕХФ за идеалната постава на овој турнир. Од тимот на Вардар заслужено имаше место за четворица играчи. Очекувавме дека и Борозан ќе биде тука, но како и да е остануваме на четири играчи.
Идеален тим на Ф4 на Лигата на шампионите:
Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)
Лев бек: Микел Хансен (ПСЖ)
Среден бек: Арон Палмарсон (Веспрем)
Десен бек: Алекс Душебаев (Вардар)
Десно крило: Иван Чупиќ (Вардар)
Пивотмен: Андреас Нилсен (Веспрем)
Голман: Арпад Штербик (Вардар)
Голманот Арпад Штербик беше избран и за МВП на Ф4 турнирот.