Горан Попов си пронајде нов клуб. Левиот бек својата кариера ќе ја продолжи на Кипар во редовите на Докса. Попов ќе биде шестиот играч од Македонија кој оваа сезона ќе настапува на Кипар.
Попов од редовите на Вардар си замина по завршувањето на изминатава сезона, во Вардар одигра 43 првенствени натпревари и постигна 3 гола. Му посакуваме многу успех и голови на Горан Попов во новата средина.