После еден ден одмор, нашиот фудбалски шампион се врати на тренинзите, како подготовка за реванш натпреварот од третото квалификациско коло, против екипата на Копенхаген. Шефот на стручниот штаб, Гоце Седлоски во среда им даде слободен ден на своите играчи, додека во текот на вчерашниот ден го одработија првиот тренинг, после победата против Копенхаген. Вардар има предност од 1:0 и со значајна предност ќе патува на реваншот во Данска, кој е закажан за на 3-ти август, со почеток од 20 часот.
Вардар има историска можност, да направи голем успех во Европските натпреварувања. Уште 90 минути не делат до историја, а елиминација на Копенхаген ќе значи во најмала рака директен пласман во групната фаза од лига европа.