Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Јован Попзлатанов: Иако имав понуди од повеќе екипи, воопшто не размислував дека Вардар е правиот избор за мене, клуб во кој можам многу да напредувам
Јован Попзлатанов: Иако имав понуди од повеќе екипи,  воопшто не размислував дека Вардар е правиот избор за мене, клуб во кој можам многу да напредувам

Јован Попзлатанов: Иако имав понуди од повеќе екипи, воопшто не размислував дека Вардар е правиот избор за мене, клуб во кој можам многу да напредувам

Јован Попзлатанов е еден од четворицата играчи кои во зимскиот преоден рок го засилија нашиот фудбалски шампион. Јован пристигна од екипата на Пелистер, а има настапувано и за тимот на Тетекс. Во октомври 2016 година дебитира за младинската репрезентација до 21 година и од тогаш е стандарден во селекцијата која ја предводи Благоја Милевски. Јован потпиша договор со Вардар, со важност од три години, а може да настапува на позициите десен бек и десно крило. За кратко време се вклопи во играта на нашиот шампион и во системот на игра, кој го бара, шефот на стручниот штаб, Чеде Јаневски. Попзлатанов беше оценет како еден од подобрите поединци на подготовките на неговиот тим во Анталија, а беше во стартниот состав и на дербито против екипата на Шкендија, дуел на кој исто така беше еден од нашите најдобри играчи. Нашата редакција имаше можност да зборува со овој млад играч на Вардар, кој треба да донесе новитети во нашата игра и да ја подигне на едно повисоко ниво. Јован вели дека иако имал понуди од повеќе клубови во ПМФЛ, како и од странство, сепак се одлучил дека моментално негов идеален избор е најдобриот клуб во Македонија.

vardarfans-popzlatanov

-Најзаслужен за мојот премин во Вардар е спортскиот директор, Дарко Панчев, кој претходно остварил контакти со спортскиот директор во Пелистер, каде јас настапував пред моето доаѓање тука. Прифатив да отидам на разговор и можам да кажам дека за кратко време се договориме за мојата преселба во Вардар. Иако имав понуди за заминување надвор од земјава и секако од повеќе македонски екипи, сепак воопшто не размислував дека Вардар e правиот избор за мене, клуб во кој несомнено е дека можам многу да напредувам.

Вардар во Анталија одигра шест контролни натпревари, на кои оствари три победи, еден нерешен резултат и два порази. Се работеше на физичката и тактичка подготовка на тимот, како би биле поподготвени за предизвиците во домашното првенство и куп.

-Подготовките во Анталија нормално е дека беа напорни, но и одлично организирани. Имавме пред себе силни противници, натпревари преку кои ја темпиравме формата, како подготовка за пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ, каде очекувам да бидеме уште подобри и континуирано да напредуваме.

fkv-popzlatanov-vardarfans-660x330

Споменавме, Јован е еден од играчите кој добива позитивни оценки од фановите, за прикажаното во Анталија, како и на првиот меч од пролетниот дел од сезоната.

-Се обидувам да ја оправдам довербата што ми се дава од стручниот штаб и тренерот Јаневски и се надевам дека максимално истата ќе ја искористам. Ова за мене е голема шанса, да станам стандарден првотимец на Вардар и да придонесам за успесите на мојот нов клуб. 

Вардар имаше предност се до 85 минута во дуелот со Шкендија, но сепак домашниот тим успеа да го израмни резултатот, гол кој се покажа како голем бод во битката за титулата, во продолжение од сезоната.

16706-vardar-vodeshe-vo-tetovo-na-krajot-osvoija-bod-vo-derbito

-Шкендија и по одигрување на првото пролетно коло ги задржа осумте бодови предност, но сепак има уште многу натпревари до крајот на сезоната, сепак ова е само почеток на вториот дел од сезоната. Иако испушивме шанса да им се приближиме на пет бодови, сепак имаме уште меѓусебни натпревари за одигрување. Натпреварот во Тетово го одигравме со силно темпо и двете екипи имаа свои шанси и можности да победат, сепак на крајот мечот заврши со поделба на бодовите. Никогаш не се знае ништо до самиот крај. Ние треба на секоја нареден натпревар да освојуваме бодови и да чекаме “кикс“ на нашиот најголем конкурент за титулата.

Во недела, црвено-црните го играат првиот меч пред својата публика, кога на арената “Филип Втори“ ќе гостува екипата на Победа од Прилеп. Јован очекува триумф и први три бода за неговата екипа, во овој дел од сезоната.

-Во недела ќе биде поинаков натпревар, од тој против екипата на Шкендија. Моите очекувања се да ги освоиме првите три бодови во оваа втора полусезона. Сепак не сметам дека тоа ќе биде лесен или наивен натпревар, бидејќи Победа знае многу често да биде цврста екипа за противниците. 

Одлично е прифатен од новите соиграчи, со кои како што вели најголем дел ги познава лично и од претходно. За Јаневски не трошеше зборови дека се работи за врвен тренер, со големо искуство.

-Иако и претходно се знаев со поголем дел од моите сегашни соиграчи, можам да кажам дека одлично сум прифатен од целата екипа. Чеде е одличен тренер од кој ние младите можеме многу да научиме и секако да напредуваме. Се работи за стратег со големо искуство, максимална посветеност и секако со голем професионализам.

27337088_1590415281053480_3601882525820756336_n

Вардар нема да биде најдобар клуб во Македонија, ако до крајот не се бори за титулата. Иако имаме голема негатива, нашиот играч вели дека се додека постои шанса ќе се обидат да ја искористат, а трофеј од купот е желба која веќе многу години е неостварлива.

-Нема да се откажеме до самиот крај, се додека постои шанса ќе се бориме да ја одбраниме шампионската титула во лигата. Секако тука е и купот, кој Вардар подолго време го нема подигнато овој трофеј, па ете тоа нека се случи оваа година, истакна Попзлатанов.

 

Звонко Ивановски