Во недела тимот на Вардар се враќа пред своите гледачи каде ќе го пречека тимот на Пик Сегед од Унгарија. Ова ќе биде дуел во кој Вардар несмее да си дозволи нов кикс, по загубениот натпревар во Шпанија против Барселона.
На дуелот во недела во Скопје, главни судии ќе бидат Словаците Михал Бадура и Јарослав Ондогрецула, интересно е тоа што оваа судиска двојка токму во Скопје против истиот противник ни ја делеше правдата во 2015 година.