Wednesday ,27 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Пенал рулетот несреќен за генер. “2006“, која дури по изведување на удари од белата точка го загуби финалето со Албарса
Пенал рулетот несреќен за генер. “2006“, која дури по изведување на удари од белата точка го загуби финалето со Албарса

Пенал рулетот несреќен за генер. “2006“, која дури по изведување на удари од белата точка го загуби финалето со Албарса

Денес на терените на фудбалската федерација на Македонија се одигра завршниот турнир во детсакта фудбалска лига, по што ги дознавме победниците во секоја генерација. Ние како медиум кој цела сезона беше верна сенка на младите генерации, ви носиме извештај посебно од секоја генерација на Вардар, која денес имаше натпревари.

q1

За жал Вардаровата генерација “2006“ е единствената која не успеаа да го освои првото место, откако во големото финале беа поразени од екипата на Албарса. Победникот се решаваше дури по изведување на удари од белата точка, откако натпреварот во регуларниот дел заврши без победник (2:2). Првите два удари ги имаше противникот, кои завршуваат покрај нашиот гол. Прв кој се закани кај Вардар, беше Давид Голубов, кој со глава биеше над голот на противникот. Гледавме цврст натпревар со голема борба на теренот, двете екипи силно го посакуваа трофејот на крајот. Вардар успева прв да го отвори резулттаот и да поведе со 1:0, преку капитенот Дарко Сековски , кој погоди од пенал, откако противникот направи три корни. Сепак нашата радост не траеше многу време, бидејќи на спротивната страна од истата позиција, погодува и Албарса за израмнување на резултатот на 1:1. Овој резултат беше актуелен и на полувреме.

q2

Во вториот дел двете екипи имаа свои шанси и период на добра игра. Противникот на два пати во овој дел од мечот сериозно се закани, но нашиот голман, Андреј Данстак ги брани ударите. Голема шанса кај нас, имаше стоперот Глаевски, кој при една мешаница беше најумешен, противничките играчи ја извадија топката речиси од гол линијата. За нова предност на Вардар се погрижи Давид Голубов, кој погоди за 2:1, на голема радост на црвено-црните. Во тие моменти црвено-црните беа многу поблиску до победата, но сепак дозволија да примат гол и Албарса да го израмни резултатот на 2:2. До крајот на мечот останаа уште пет минути, но резултатот остана непроменет, по што шампионот во оваа генерација мораше да се решава со изведување на удари од белата точка.

q3

Во пенал рулетот посреќен беше тимот на Албарса, кој славеше со резултат 7:6, или вкупен резултат 9:8. Во редовите на Вардар од белата точка погодоија, Голубов, Сековски, Трифуновски, Галевски, Данстаки Крстевски, додека во седмата серија единствен кој промаши беше Николовски. Албарса ги реализира сите удари и на крајот славеше во големото финале.

Сепак ова е исто така успех за нашите момчиња, на чело со тренерот Филип Арсовски, кои одиграа одлична сезона и имаа само еден единствен пораз и тоа токму во големото финале.