Македонското фудбалско дерби помеѓу домаќинот Пелистер и нашиот ФК Вардар ќе се игра во недела, 28-ми мај со почеток во 16:30 часот во Битола. Денес одредена е судиската тројка која ќе го суди овој натпревар во рамки на претпоследното 35.коло од сезонава.
Главен судија на дербито ќе биде Димитар Мечкаровски, за негови асистенти одредени се: Дејан Неделкоски и Гоце Петрески. Четврти судија на овој натпревар ќе биде Константин Влахо од Скопје. Истиот судија, Мечкаровски го судеше и последниот дуел помеѓу овие два ривала на „Филип Втори“ во Скопје, тој натпревар заврши со победа на црвено-црните со резултат 3:1.