Вардар (1) од генерација 2007 ја одбрани титулата од минатата година. Момчињата на Зоран Петковски без никакви проблеми и оваа година го освоија првото место во оваа возрасна генерација, денеска во финалето беа подобри од тимот на Фер Плеј од Охрид со резултат 4:0. Нивните соиграчи од Вардар (2) пак го освоија бронзениот медал, совладувајќи ја екипата на Фудбал Старс.
Прв кој се закани на овој натпревар беше Киш, но неговиот удар заврши над голот на противникот. Потоа се обиде и Шаботиќ но и неговиот удар заврши покрај голот на охриѓани. Потоа и Милош Спасовски се обиде од слободен удар, но за малку не заврши и овој удар во голот на противникот. Конечно дојде и голот, Стефан Младеновски беше успешен реализатор на првиот погодок на овој меч. Потоа се одеше полесно за тимот на Вардар, следен кој се обиде беше повторно Шаботиќ но повторно покрај голот. До крајот на првиот дел дојде и вториот погодок за Вардар, стрелец на овој гол беше Александар Грашески за 2:0.
Во вториот дел Вардар одигра уште по добро, исто така и во овој втор дел вардарци постигнаа уште два погодоци. Третиот погодок на овој меч го постигна Петар Мицевски со прецизен удар. До крајот на мечот во листата на стрелците се запиша и Шаботиќ Емир за конечни 4:0.
Честитки до екипата на Вардар за освоената нова титула!
Вардар (2) немаше никави проблеми во борба за третото место, играчите на Петковски високо го поразија тимот на Фудбал Старс за одличното трето место во оваа генерација.
Натпреварот започна со иницијатива на нашиот тим, првите два погодоци на овој меч ги постигна Златко Радески со удари над противничкиот голман. Потоа следуваше погодок на противникот, ова беше единствената добра шанса на овој тим, еден играч во соло акција го матираше нашиот голман за 2:1. Потоа следуваа нови два погодоци на Вардар, преку Никола Јовановски за 4:1.
До крајот на првиот дел во листата се запиша и Филип Кузаревски кој постигна гол од пенал за 5:1. Во вториот дел Вардар беше уште по убедлив, следни кој се запишаа во листата беа Петар Котевски со два гола и Радески Златко за веќе 8:1.
До крајот на мечот следуваше дожд на голови во противничката мрежа, до крајот на мечот погодоија: Јовановски повторно, потоа Војо Стојановски, Манчев Лео, Војо Стојановски, Радески Златко, па пак Стојановски Војо, Кузаревски Филип и Михаил Јорданоски за конечни 16:1.