Monday ,20 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Шампион… ФК Вардар(1) генер.2005 на Кралевски е најдобар во Македонија
Шампион… ФК Вардар(1) генер.2005 на Кралевски е најдобар во Македонија

Шампион… ФК Вардар(1) генер.2005 на Кралевски е најдобар во Македонија

Нова титула за Вардар, генерацијата родени 2005 година предводени од Игор Кралевски стана Шампион на Македонија во детската лига. ФК Вардар (1)  лесно се снајде со тимот на Фер плеј од Охрид покажувајќи квалитет во финалниот дуел. Ние триумфиравме на овој меч со 4-0 (1-0).

n2

Ова беше цврст натпревар на почетокот, двата тима силно ја посакуваа круната во оваа генерација во детската лига. Момците на Кралевски имаа повеќе од играта во почетните минути, постојано напаѓаа сепак немаше реализиација на погодок во овој дел од мечот. Величковски упати еден одличен удар кој наговестваше водство, сепак голманот на охриѓани со крајни напори одбрани. Среќата конечно не посака во финишот на овој дел ние погодивме преку Филип Јовановски, тој стрелаше умешно за водство од 1-0. Токму со овој резултат се замина на одмор на мечот кој се играше на терените на Фудбалската федерација на земјава во Ново Лисиче.

n3 n4

Вториот дел почна со фуриозна офанзива на црвено-црните момци од генерацијата 2005 кои напаѓаа постојано. Шанси за втор погодок во ова финале имаа  Јовановски Филип чии удар го одбрани голманот на Фер Плеј и Величковски кој биеше со глава крај гол конструкцијата од голот на охриѓаните. Величковски конечно успеава да го скрши малерот, тој го удвојува водството со неговиот погодок за 2-0. На сцена стапува кај нас Матеј Гаштаров тој успеава да погоди за 3-0 во продолжение, а веднаш потоа не носи на комотни 4-0 и најавува пехар.  По овој резултат од клупата Кралевски освежува со нови момци кои го задржуваат ритамот и го носат натпреварот кон триумф.

n5

Со ова победа генерацијата родени 2005 се закити со шампионски “ореол“ честитки до сите момци и тренерот Кралевски за успехот.