Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Лош натпревар на Вардар, пораз од Пахтакор (2:0)
Лош натпревар на Вардар, пораз од Пахтакор (2:0)

Лош натпревар на Вардар, пораз од Пахтакор (2:0)

Вардар го доживеа првиот пораз на подготовките во Анталија, денеска сосема заслужено тимот на Пахтакор слабеше победа со резултат 2:0 (0:0). Вардарци ништо не одиграа на овој натпревар, јасно може да се увиди  дека на Вардар очајнички му се потребни играчи во средината на теренот и напаѓачи.

Вардар и Пахтакор одиграа 0:0 по првите 45. минути. И двете екипи во првиот дел имаа по две шанси за погодок но не ги искористија. Вардар се закани преку Попзлатанов од 20-сетина метри и преку Блажевски кој биеше само во голманот на противникот. Пахтакор створи една добра прилика за гол во првиот дел но Гачевски одлично одбрани. Во 39. минута на местото токму на Гачевски во игра влезе Илиќ кој го имаше своето деби во Вардар.

fkv-popov

На почетокот на вториот дел се замени целиот тим на Вардар, во игра влегоа Илиќ, Тошевски, Грнчаров, Новaк, Антовски, Охеда, Марковиќ, Стојчевски, Стојков, Барсегјан и Колевски. Неповрзаната игра на Вардар продолжи и во вториот дел, некаде околу 76. минута противникот постигна гол за 1:0, еден нивни играч продре по страна шутираше покрај левата статива од голот на Алексовки и постигна погодок. Во 84. минута противникот дојде и до 2:0, Марковиќ подари една топка на средината на теренот, противникот изведе контра и погоди за недостижна предност од 2:0. Со овој резултат заврши денешниот дуел.