Bо салата “Кале“, денес се одржува четвртиот зимски турнир „Еден живот, една љубов″ за најстарата генерацијата која е дел од Ракометната академија Вардар, а во која се пријавени само машки тимови. Дуели се играат кај момчињата родени 2002/2003 година. Од утрово се одиграа сите три кола од првото и второто ви донесовме резултати, во продолжение извештаи и резултати од 3.коло.
Во првиот дуел екипата на РК Бисинов Вардар беше совладана од тимот на РК Делчево Вардар со резултат 22-15. Први со гол овој дуел го отворија велешани кои погодија за 1-0, нивниот ривал од источна Македонија изедначи на 1-1. Се играше рамноправно па во 7.минута резултатот беше 4-4. Потоа со подобра игра во поле тимот на РК Делчево Вардар успеа да се одлепи и на полувреме водеше со 12-9.
Во првата половина од вториот дел двата тима постигнаа по четири гола во противничката мрежа, по што и понатака делчевскиот состав водеше со “три плус“, односно 13-16. Во продолжение тимот на РК Делчево успеа да ја зголемува предноста од минута во минута и триумфираше со резултат 15-22. Кај победникот Лука Цветковски имаше 4 гола, кај поразениот тим исти учинок имаше Лазар Стојанов.
Во еден интересен и израмнет дуел, РК Филип Вардар од Прилеп дојде до тесна победа над тимот на РК Опш.К Вода Вардар со резултат 17-15. Први овој дуел со погодоци го отворија кои поведоа со 0-2 на стартот. Прилепскиот тим успеа во средината на првиот дел да изедначи на 3-3. Потоа беше повторно реми 5-5, на 5.минути до крајот. Во последните минути прилепчани со серија 3-1 успеаа да отидат на одмор со предност 8-6.
Вториот дел со офанзива на скопскиот тим кој се обидуваше да намали, сепак прилепчани поведоа со 12-8. Кисела Вода во средината на вториот дел дојдоа до минимална негатива 12-11 со серија 3-0. Сепак прилепчани не сакаа да ја испуштат победата играа умно и победија со 17-15. Кај победникот прв стрелец беше Каратошевски Леонид со 4 гола, кај поразените Петковски Димитар имаше исто така 4 гола.
РК Преспа Вардар од Ресен во последниот дуел од ова коло дојде до победа со тимот на РК Шампион Вардар. Дуелот почна со по еден гол на двете страни за почетни 1-1, по 3.минути ракомет. Следеше серија 3-0 за ресенчани со која РК Преспа се одлепи на 4-1 во 7.минута. Тие успеаа до крајот на првиот дел во игра гол за гол да го однесат натпреварот на одмор со нивна предност од 10-6.
Cкопскиот колектив се обиде и успеа да фати приклучок во вториот дел, тие успеаа по 6.минути игра да дојдат до само минус два,12-10. Сепак тимот од јужна Македонија одигра во продолжение подобо, направи серија 5-1 со која влезе во финишот со комотини,17-11. Финишот беше неефикасен единствено Шампион погоди еднаш за намалување на поразот на 17-12. Кај поедникот Арсовски постигна пет гола, кај поразениот прв стрелец беше Кочаров со три погодоци.