Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар водеше на полувреме, но на крај загуби од Терек Грозни
Вардар водеше на полувреме, но на крај загуби од Терек Грозни

Вардар водеше на полувреме, но на крај загуби од Терек Грозни

Вардар загуби на последниот “тест” во Анталија. Попладнево нашите играчи иако водеа на полувреме, сепак, на крајoт загубија од Терек Грозни со резултат 3:1. Ова беше “најтешкиот тест” меч за Вардар, тимот на Терек располага со искучително силен тим.

Вардарци по првите 45 минути имаа предност од 1:0. Иако Терек Грозни имаше повеќе шанси за погодок, сепак, нашиот тим замина на полувреме со предност. Првите две закани на мечот ги имаше противникот. Најпрвин еден играч на Терек биеше високо над голот на Гачевски, потоа Балај биеше од 15-сетина метри, но само во добро поставениот наш голман. Во 14. минута Вардар од првата посериозна закана дојде до предност. По една одлична акција Велковски атрактивно со пета му асистираше на Барсегјан, кој со прецизен удар по земај од 15-сетина метри стрелаше прецизно за предност на нашиот тим. Се до крајот на првиот дел екипата на Терек Грозни створи многу шанси за погодок, но Гачевски на неколку наврати одлично одбрани и спречи изедначување на овој натпревар.

fkv-felipeВо вториот дел први се заканија противниците. Во 53. минута Торје се обиде со удар од слободен, но неговиот шут заврши над голот на Гачевски. Во 55. минута Вардар се закани преку Барсегјан, но неговиот удар заврши високо над голот на Терек. Потоа во 58. минута беше досуден непостоечки пенал за Терек Грозни. Торже го искористи овој “поклон” и погоди за израмнување. Во 60. минута во Вардар беа извршени првите замени. Во игра влегоа Брдаровски и Николов. Потоа во 69. минута Глигоров упати еден одличен удар по земја, а со крајни напори успеа да одбрани и исфрли во корнер голманот на Терек. Во 72. минута Терек направи целосен пресврт и дојде до 2:1 со голот на Митришев. Во 84. минута Фелипе се обиде од слободен удар, но неговиот шут заврши над голот на Терек. Се до крајот на натпреварот Терек успеа да постигне уште еден погодок за 3:1, и овој погодок го постигна Митришев. Со овој резултат и заврши натпреварот.