Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (ВИДЕО) Терек Грозни со резултатски пресврт го доби Вардар
(ВИДЕО) Терек Грозни со резултатски пресврт го доби Вардар

(ВИДЕО) Терек Грозни со резултатски пресврт го доби Вардар

Вардар со пораз ги заврши подготовките во Анталија, откако на последниот контролен натпревар загубија од екипата на Терек Грозни. Црвено-црните први го отворија резултатот преку Тигран Барсегјан кој ја погоди противничката мрежа за водство од 1:0. Со овој резултат се замина на полувреме. Сепак во вториот дел проследивме уште три погодоци и тоа сите во нашата мрежа, за конечен резултат од 1:3. Два гола беа дело на Митришев, додека еднаш погоди и Торже.

Погледнете го видеото со погодоците од овој натпревар: