Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Одредена судиската двојка за мечот Турингер – Вардар
Одредена судиската двојка за мечот Турингер – Вардар

Одредена судиската двојка за мечот Турингер – Вардар

ЖРК Вардар во недела гостува во Германија кај тимот на Турингер. Ова ќе биде натпревар во рамките на седмото коло од Лигата на шампионите. Тимот на Турингер пред овој натпревар го завзема петтото место на табелата со четири освоени бодови, додека пак нашиот Вардар е на лидерската позиција со единаесет бодови.

За овој натпревар ЕХФ одреди судиска двојка од Романија. Станува збор за Диана Кармен и Анамарија Стоиа. ЕХФ делегат ќе биде Бертхолд од Австрија.

Натпреварот во недела започнува во 14 часот.