Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Голема шанса за Вардар да биде прв, Пик Сегед загуби кај Мешков, додека Рајн-Некар по втор пат сезонава поуспешен од Киелце
Голема шанса за Вардар да биде прв, Пик Сегед загуби кај Мешков, додека Рајн-Некар по втор пат сезонава поуспешен од Киелце

Голема шанса за Вардар да биде прв, Пик Сегед загуби кај Мешков, додека Рајн-Некар по втор пат сезонава поуспешен од Киелце

Во текот на вчерашниот ден се одиграа два натпревари во најсилната група Б, со кои продолжија возбудувањата во лигата на шампиони. Победи забележаа екипите на Брест Мешков и Рајн-Некар во дуелите со Пик Сегед и Киелце. Ова се резултати кои одат во прилог на Вардар, кој со победа утре против Загреб може да се врати на првото место во оваа група.

Рајн-Некар по втор пат сезона издвојува победа против Киелце. Домашниот тим во текот на целиот натпревар имаше постојано водство и заслужено ги освои бодовите. Рајн-Некар добро го отвори мечот и поведе со 3:0, додека првиот гол гостинскиот тим го постигна во 4 минута преку Илјевски за да следи уште еден погодок на Киелце за намалување на 3:2. Во првите 30 минути предноста за бундеслигашот се движеше од 2-4 голови разлика, а а само еднаш и тоа пред крајот на првиот дел Киелце успеа да намали на еден гол разлика. Во 11 минута со голот на Сигурдсон, Рајн-Некар поведе со 8:5 за во 19 минута преку Ларсен да има има највисоки четири голови предност (11:7). Истава разлика ја одржуваа и на пет минути пред крај кога резултатот беше 14:10, за да следи серија на Киелце од три последователни голови и тоа сите на Штрлек за намалување на 14:13. Но сепак до крајот на првото полувреме за нецела минута, избраниците на Јакобесен постигнуваат два гола и на одмор заминуваат со водство од 14:13. Во првиот дел одлични на голот беа Палицка и Ивиќ кои имаа по 8 одбрани.

Првиот гол во второто полувреме е за Киелце, за момент да го намали резултатот, за Рајн-Некар набрзина да ги врати највисоките четири голови разлика (18:14). Домашниот тим не дозволуваше Киелце да се доближи резултатски, па во наредните минути само го зголемуваше водството. Во 42 минута стигнаа и до најголеми шест гола (21:15). Неизвеснот во мечот донесе штрлек кога на пет минути пред крај намали на 25:23, но до крајот Рајн-Некар не дозволи изненадување и успеа да слави со резултат 28:25. Сигурдсон беше најефикасен со 7 голови, додека кај поразениот се истакна Агинагалде со 5 погодоци. Голем удел во победата има и голманот Андреас Палицка.

16508626_804707439684634_3317311750375631159_n

Интересен натпревар одиграа и екипите на Брест Мешков и Пик Сегед, натпревар кој на крај им припадна на Белорусите. Избраниците на Бебешко поведоа со 2:0, по што во следните минути, Пик Сегед успеа да го израмни резултатот на 5:5. Брест прв успеа да се одлепи резултатки и со серија од 4:0 да поведе со 9:5, но избраниците на Пастор повторно го возвраќаат ударот и израмнуваат на 11:11. До крајот на првиот дел се игра гол за гол, за на полувреме ниедна од екипите да нема водство (14:14). Во првите 15 минути од второто полувреме гледавме неизвесен меч и ниту една од екипите не успева да поведе со повече од еден гол разлика. Сепак Брест Мешков повторно прв го прави решавачкиот чекор и успева да поведе со 20:17. Во последните четири минути во два наврати Пик Сегед го намалуваше резултатот на еден гол, но во финишот Мешков ја задржа предност и на крај забележа триумф од 25:23. Џамали беше најдобар стрелец кај победникот со 8 голови, додека на спротивната страна Калман постигна 6.

Доколку Вардар го победи Загреб, нашиот состав ќе го потисне Пик Сегед а ќе се израмни со Киелце по освоени бодови. Сепак Вардар има подобра гол разлика па по завршување на ова коло ќе биде на првото место. Ова е голема шанса за Вардарци утре да слават и да се вратат во подеднаква борба за освојување на првото место кое води директно во четвртфиналето.