Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар заврши во Анталија, се радуваше на две победи, Барсегјан најдобар играч
Вардар заврши во Анталија, се радуваше на две победи, Барсегјан најдобар играч

Вардар заврши во Анталија, се радуваше на две победи, Барсегјан најдобар играч

ФК Вардар ги заврши пријателските натпревари во Анталија. Нашите играчи денеска ќе ги одработат последните два тренинга, утре експедицијата се враќа во Скопје каде ќе се подготвува за првиот пролетен дуел кој е на програмата на 19-ти овој месец.

Вардарци на подготовките во Анталија одиграа вкупно седум пријателски натпревари со исклучитечно тешки противници од реномирани Европски лиги. Најпрвин, нашиот тим одигра натпревар против Стеауа, овој дуел го загубивме со резултат 1:0. Потоа следуваше и вториот натпревар, противник беше тимот на Амкар од Русија, на овој натпревар нашиот тим одигра реми 1:1. Потоа следуваа два порази од Дукла Прага со резултат 3:2, и од Хајдук со резултат 1:0. Прва победа во Анталија Вардар ја забележа против тимот на Анжи. На овој натпревар нашиот тим победи со резултат 2:1. Следуваше уште една победа, онаа против Локомотив Пловдив 2:1. Последниот натпревар беше оној вчера против тимот на Терек Грозни. И овој натпревар нашиот тим го загуби.

Сите резултати и стрелци на Вардар во Анталија:
Вардар – Стеауа 0:1
Вардар – Амкар 1:1 (Попов)
Вардар – Дукла Прага 2:3 (Глишиќ, автогол)
Вардар – Хајдук 0:1
Вардар – Анжи 2:1 (Којашевиќ два гола)
Вардар – Локомотив Пловдив 2:1 (Грозданоски, Новак)
Вардар – Терек Грозни 1:3 (Барсегјан)

- Според “Вардар Фанс”, Тигран Барсегјан најдобро се покажа на овие зимски подготовки.