Во првата кошаркарска машка лига продолжуваат возбудувањата овој викенд по завршените куп предизвици. Вардар утре е домаќин во обид да дојде до првата лигашка победа сезонава, ние во рамки на 12.коло ја пречекуваме екипата од Гевгелија тимот на КК Кожув.
Избраниците на Кочов “го скршија мразот“ па нанижаа две победи во Купот со Пелистер и Гостивар со кои Вардар успеаа да се пласираа во завршницата на “Лимак Купот“ на Македонија. Мечот со гевгеличани се игра утре, сабота 11-ти фебруари. Ние ќе ги пречекаме во нашиот дом малата сала при спортско рекреативниот центар “Кале“ со почеток во 17-00 часот. Во првиот меч нагости со истиот противник бевме поразени со резултат 73-49. Свое присуство на овој дуел најавија навивачите на Вардар навивачката група Комбат 87 Н.Г кои ќе дадат поддршка на момците од трибините во Кале, тие велат дека ова ќе биде загревање за завршницата на “Лимак Купот“ во Кавардарци.