Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Вардар СЦЈС во недела домаќин на Х65 Хорс во реванш меч од 1/8фин. во Челинџ купот
Вардар СЦЈС во недела домаќин на Х65 Хорс во реванш меч од 1/8фин. во Челинџ купот

Вардар СЦЈС во недела домаќин на Х65 Хорс во реванш меч од 1/8фин. во Челинџ купот

Младата вардарова екипа, тимот предводен од Симе Симовски , Вардар СЦЈС во недела ќе го одигра реванш мечот од  осминафиналето во  Купот Челинџ. Домаќини сме на тимот од Шведска, Х65 Хорс. Со швеѓанките ќе играме во недела, на 12-ти фебруари со почеток во 13-00 часот.

Ние ќе бидеме домаќини во нашиот дом Спортскиот Центар “Јане Сандански“.  Шансите за пласман понатака ни се минимални, сведени на теорија откако екипата на ЖРК Вардар СЦЈС беше  убедливо поразена на првиот осминафинален меч. Избраничките на Симе Симовски се вратија во Скопје со 13 гола негатива, првиот меч тие  го загубија резултат 26:13.  Игравме рамноправно до 20сетата минута кога домаќинките водеа само 6-5 потоа почна нашето тонење и на одмор заминавме со 12-5, истата тенденција продолжи и во вториот дел. За мечот во недела ЕХФ за делители на правдата ги одреди украинките Марина Дупли и  Олена Каверина. ЕХФ делегат на дуелот е Андреј Андреев од соседна Бугарија. За младите девојки ова е третто учество во овој куп, истото е важно со цел девојките да учествуваат и да акомулираат искуство до меѓународни предизвици што ќе влијае позитивно на нивниот развој како ракометарки.