Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Официјално: Прво засилување за идната сезона, Драгана Цвијиќ две години во ЖРК Вардар

Официјално: Прво засилување за идната сезона, Драгана Цвијиќ две години во ЖРК Вардар

cv

Веќе е познато првото засилување во Вардар за следната сезона.  Официјално имаме ново име на  пивотменската позиција. Сезоната 2017/2018 нов член на Вардар ќе биде српската интернационалка Драгана Цвијиќ (26 години) која потпиша двегодишен договор со ЖРК Вардар.

Новото засилување Цвијиќ важи за еден од најдобрите пикери во светот и во женската лига на шампионите која зад себе веќе има два трофеи од елитното европско натпреварување. Одлична е во дефанзива, жестока и бескупулозна, а во нападот е вистински пример за ефективност.

Вардар почна да го создава тимот за следните сезони, а ангажирањето на Драгана Цвијиќ е дел од намерата екипата да добие квалитетни засилувања на секоја позиција. Верувам дека со доаѓањето на Цвијиќ во нашите редови ќе имаме уште поконкурентна екипа подготвена за високи дострели. Вардар секогаш се стреми да ги има најдобрите можни играчи во своите редови, кои ќе придонесат за остварување на зацртаните клупски цели – врвот на Европа, вели Давор Стојаноски, Извршниот директор на Вардар

Taa со екипата на Будуќност двапати беше европски првак во 2012 и 2015 година, Драгана во  последните три сезони постојано е дел од завршните  Ф-4 турнирот на ЕХФ лигата на шампионките, во 2014 година беше и вице првак на Европа. Четирипати беше победник на Регионалната ВРХЛ лигата и петпати ја освојуваше двојнате круна во Црна Гора. На репрезентативен план со репрезентацијата на Србија освои сребрен медал на СП 2013. Има и златен медал од Медитеранските игри во Мерсин. Во 2008 година беше избрана за најдобра ракометарка во Србија, а во 2013 година и дел од Ол стар тимот на СП.