Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Младите надежи на Кралевски ја “растурија“ Локомотива од Софија и ги вратија шансите за полуфинале на турнирот “Балканика Куп“
Младите надежи на Кралевски ја “растурија“ Локомотива од Софија и ги вратија шансите за полуфинале на турнирот “Балканика Куп“

Младите надежи на Кралевски ја “растурија“ Локомотива од Софија и ги вратија шансите за полуфинале на турнирот “Балканика Куп“

Нашите млади надежи забележаа победа на турнирот “Балканика “куп“ кој се игра во градот Сандански (Бугарија). Избраниците на Игор Кралевски денес одиграа одличен меч и славеа во дуелот со Ломотива Софија со убедлив резултат од 3:0. Стрелци на головите беа Филип Јовановски, Никола Величковски и Матеј Гаштаров.

Вчерашниот пораз од минатогодишниот освојувач на овој турнир, не ги обезхрабри Вардарци кои денес уште од првата минута тргнаа фуриозно кон голот на противникот. Таквата офанзивна игра ни донесе резултат кога на полувреме имавме водство од 2:0. Во вториот дел продолживме борбено за секоја топка, не дозволувајќи на Локомотива многу да се изнаигра. Ја контролиравме играта и успевме да постигнеме уште гол за поубедлива победа. Радува добрата игра на Вардарци, кои со овој триумф ги вратија шансите за полуфинале на турнирот “Балканика Куп“. Утре го играме последниот меч во групата со екипата на Локомотив Пловдив. Доколку ги совладаме имаме големи шанси како најдобра второпласирана екипа од трите групи да играме во полуфиналето.