Денеска беа извлечени паровите за завршницата на овогодинешниот Куп на Македонија. Во четвртфиналето ждребот сакаше да се судрат Вардар и Карпош Соколи. На вардарци им се падна исклучително тежок противник кој со успешност настапува во АБА-лигата оваа сезона. Нашите играчи нема што да загубат на овој натпревар против апсолутниот фаворит.
Инаку, организатор на Купот ќе биде компанијата „Лимак“, која донесе одлука завршниот турнир да биде одигран во Кавадарци.
Останатите двојки за 1/4 финалето се:
Работнички – Куманово
МЗТ Скопје – Кожув
Фени индустри – АВ Охрид