Утре со почеток од 17:30 часот во С.Ц. Јане Сандански Вардар ќе го одигра првиот натпревар во новата година во лигата на шампионите.
Црвено-црните имаат голема шанса со победа на овој меч да се вратат на првото место во најсилната група Б. Резултатите од вчерашните натпревари одат во полза на Вардарци кои повторно ќе имаат можност да бидат на врвот во оваа група. Пик Сегед го загуби мечот во Белорусија од Брест Мешков и моментално остана на второто место, додека Рајн-Некар со вториот триумф оваа сезона против Киелце се израмни по бројот на освоени бодови со екипата на Пик Сегед. Сега на табелата Киелце има 14 бодови, еден повеќе од екипите на Пик Сегед и Рјн-Некар (13) и два повеќе од екипата на Вардар, која допрва треба да го одигра својот натпревар од десеттото коло. Тоа значи дека триумф на црвено-црните на утрешниот натпревар ги носи на првото место бидејќи ќе се израмниме со бројот на бодови со актуелниот европски шампион, но поради подобрата гол разлика, Вардар ќе биде тимот кој ќе биде на првото место по комплетирање на ова коло.
Затоа е потребна поддршката од Вардаровите навивачи, популарните Комити најавуваат масовна присутност на овој меч. Тие преку својата официјална страна објавија дека билетот за овој дуел ќе изнесува 50 денари и истиот ќе може да се набави во “Фан шопот“ на Комити. Со истава карта следува и гратис блезница за фудбалското дерби помеѓу Вардар и Шкендија, кој ќе се одигра на 26-ти февруари. Голема е заинтересираноста за утрешниот ракометен натпревар и од подгрупите на “Комити“ кои секојдневно го споделуваат настанот и го најавуваат својот собир за овој натпревар. На Вардар му требаат Комити, во сабота да се потсетиме на нивните најдобри изданија кога со громогласно навивање во текот на целиот меч биле осми играч на нашите ркометари. На прес-конференцијата тренерот Гонзалес исто така очекува дека С.Ц. Јане Сандански ќе биде полн и дека ќе имаат голема поддршка од своите навивачи. Време е Вардар да се пласира на завршниот турнир во Келн, а моменталната ситуација ни дава голема надеж дека целта може да биде остварена.