Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Барсегјан стрелаше по пауза од 7 месеци
Барсегјан стрелаше по пауза од 7 месеци

Барсегјан стрелаше по пауза од 7 месеци

Барсегјан е вистински хит во Анталија. Многумина се запрашуваа дали и Барсегјан ќе заврши како голем број на играчи кои се “прошетаа” низ Скопје и Вардар. Овој играч имаше здравствени проблеми кој го спречуваа да игра активно фудбал, но, веќе проблемите се минати.

Нашиот “Хулк” погоди на вчерашниот меч против Терек Грозни. На овој погодок предходеше одлична акција помеѓу Велковски и токму Барсегјан, кој стрелаше по пауза од цели седум месеци. Последен пат Тигран погоди летоска против Јагиелонија, исто така на пријателски натпревар.

Очекуваме токму овој играч да донесе голема свежина и квалитет во Вардар во пролетниот дел од сезоната.