Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кликовац за Вардар Фанс: Се наоѓаме во одлична форма, очекувам да победиме против Турингер и да се зацврстиме на првото место на табелата
Кликовац за Вардар Фанс: Се наоѓаме во одлична форма, очекувам да победиме против Турингер и да се зацврстиме на првото место на табелата

Кликовац за Вардар Фанс: Се наоѓаме во одлична форма, очекувам да победиме против Турингер и да се зацврстиме на првото место на табелата

Нашиот женски ракометен шампион во недела го очекува нов натпревар во главната рунда од најголемото ракометно натпреварување. Црвено-црните во третото коло од новоформираната група ќе гостуваат во Германија на екипата на Турнингер. Вардарки ќе се обидат да стигнат до осмата последователна победа оваа сезона во лигата на шампиони. Против Турингер сме имале можност да играме во претходните сезони, така да познат ни е квалитетот на овој противник. Во пресрет на овој меч имавме можност да поразговараме со столбот во одбраната на Вардар, Андреа Кликовац која за нашиот сајт ги сподели очекувањата за неделниот натпревар, исто така го искажа задоволството од стартот на главната рунда каде тимот стигна до две победи.

-Одлично го започнавме вториот дел од сезоната, забележувајќи две победи во главната рунда. На гостувањето против Будуќност блеснавме, одигравме еден одличен натпревар во нападот и одбраната. Го победивме Буудќност на негов терен што не се памети кога последен пат им успеало на некоја друга екипа. Против Мец одигравме малку лошо, што беше може и очекувано после исцрпувачката победа во Подгорица, како на психички така и на физички план. Мец играше одбрана 3-2-1 која на нас не ни одговара, но сепак успеавме да најдеме решение и што е најважно да запишеме уште една победа на домашен терен пред нашата прекрасна публика.

Досега имаме четири одиграни натпревари против Турингер, две победи има Вардар, еднаш сме одиграле нерешено и една победа има противникот во меѓусебните дуели.

-Во недела не очекува уште едно тешко гостување против Турингер, на претходните натпревари со нив сме наоѓале решение, иако знаеле да ни направат проблеми на нивниот терен. Се надевам дека ќе одиграме добро. Напорно тренираме и се подготвуваме, нивниот тренер форсира игра со седум играчи, па се подготвуваме и за таква тактика. Мораме да одиграме цврсто во одбраната и да ги запреме нивните бекови, а со самото тоа да постигнуваме лесни голови во напад, кои нас би не донеле нови бодови. Мислам дека се наоѓаме во одлична форма, очекувам да победиме против Турингер и да се зацврстиме на првото место на табелата во новоформираната група, рече Кликовац

Звонко Ивановски