Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Победи за младинските ракометни екипи на првиот натпреварувачки ден на турнирот во “Зрењанин“
Победи за младинските ракометни екипи на првиот натпреварувачки ден на турнирот во “Зрењанин“

Победи за младинските ракометни екипи на првиот натпреварувачки ден на турнирот во “Зрењанин“

Три младински екипи на ракометниот клуб Вардар денес ги започнаа настапите на турнирот “Трофеј на град Зрењанин 2017“. Сите наши екипи забележаа победи на првиот натпреварувачки ден.

Младинците предводени од Чивлачки и Грчевски во првото коло требаше да играат со екипата на Колубара, но истиот не се одигра бидејќи противникот го откажа мечот. Така победата ни припадна со службен резултат од 10:0.

Вториот натпревар во групата го одигравме против екипата на Јуниор, каде бевме убедливи и славевме со конечни 25:12. Уште од стартот на натпреварот нашите момци покажаа дека противникот нем што да бара на овој меч, поведовме со 3:0 за конечно екипата на Јуниор да постигне гол и да го намали резултатот. Во продолжение од првото полувреме следи наша нова голема серија од 6:0 за веќе да имаме убедлива предност од 9:1. До крајот на првото полувреме го одржувавме ова водство и на одмор заминавме со резултат 13:4. Ваквиот резултат им овозможи на тренерскиот тандем Чивлачки-Грчевски да им дадат шанса за настап на сите играчи. Второто полувреме започна со гол на Јуниор, но по само четири минути игра во овој дел имавме двоцифрена предност од 15:5. Како течеше мечот само ја зголемувавме разликата во наша корист. Во еден момент имавме највисоки 20:18, за да му дозволиме на противникот прв пат да ни направи серија од 0:3 и да намали на 20:11. Сепак истава серија ја врати Вардар набрзина и повторно ги врати 12-те голови предност. До крајот на мечот убедлива победа изразена со резултат 25:12. Утре играме со екипата на Војводина

Пионерките исто така стартуваа со побеа на првиот натпреварувачки ден. Во рамките на првото коло во групата, Вардарки се сретнаа со екипата на Јабука која ја совладаа со резултат 12:5. Избраничките на Ристова и Пецевска имаа водство во текот на целиот меч и ниту не еднаш не беше загрозена победата. Утре во рамките на второто коло се сраќаваме со екипата на Нов Белград.

16729976_746785718830065_1140705101_n

Вардаровите пионери исто така имаа убедлив старт на турнир. Во рамките на првото коло утрово се сретнавме со екипата на Звезда Мокрин. Тука славевме убедливо со резултат 28:6. Уште по првото полувреме беше познат победникот, кога имавме двоцифрено водство од 14:3. Самиот резултат говори за одразот на силите и со каков квалитет располагаат двете екипи. Нашиот тренер Будимир им даде шанса за настап на сите ирачи кои беа на располагање за овој меч. Втор противник во денешната проглама ни беше екипата на Младост ТСК. На овој натпревар исто така имавме контрола на резултатот и водство во текот на целиот меч. На полувреме водевме со резултат 9:3. Во вториот дел ја одржувавме оваа разлика, за на крај да славиме со резултат 14:7.

16730017_746785372163433_1546930100_n